Meчувањето во Македонија како спортска дисциплина има традиција повеке од 60 години. Самите почетоци се на почетокот 20 век, но функционираат спорадично и несистематски. По Втората светска војна се оформува првиот мечувалски клуб Работнички во кој се зачленуваат млади спортисти, љубители на овој спорт, со што клубот влегува во еден систем на континуирани тренинзи и вклучувања на национални и интернационални натпреварувања.
По распадот на СФРЈ во 1991 се основа Македонската Мечувалска Федерација во која денес членуваат три клубови
-Работнички
-Вардар и
-Ангард
со вкупно 50 активни членови спортисти во сите категории и од двата пола.
За стручно водење на тренинзите се задолжени двајца тренери со повремено вклучување на уште еден тренер. Моментално сите тие работат волонтерски. Федерацијата нема тренери кои работат на професионална база.
Водечките тела на Федерацијата се: Собрание, Претседател на федерацијата, Генерален секретар на федерацијата и Извршен одбор составен од 7 членови, Надзорен одбор составен од 3 члена вклучувајки ги претседателот и секретарот.
|